Втора лигаФудбал

Бафто главен во Струмица, Младеновски ќе им суди на Победа и Детонти Плачковица

Сподели
Сподели

Во сабота ќе се одиграат натпреварите од последното 15. есенско коло на Втората македонска фудбалска лига.

Познати се и судии кои ќе ја делат правдата на натпреварите кои ќе стартуваат во 13 часот. Владимир Ѓорѓиевски ќе им суди на Арсими и Вардар Неготино, Фатмир Бафто ќе биде главен на „Благој Истатов“ во Струмица каде ќе се соочат Беласица и лидерот Македонија ЃП.

Доне Ристовски ќе им суди на Охрид и Борец на „Билјанини Извори“, Игор Иванов на Башкими и Брегалница, а пак Дејан Младеновски ќе биде задолжен за правдата на мечот во Прилеп каде ќе играат Победа и Детонит Плачковица.

Пларент Салихи ќе им суди на Новаци и Кожуф, Марјан Дејановски ќе им суди на Каменица Саса и Скопје, а пак Кирил Смоквоски на Вардарски и Осогово.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 15. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Арсими – Вардар Неготино, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Беласица – Македонија ЃП, Фатмир Бафто (Охрид)
Охрид – Борец, Доне Ристовски (Гевгелија)
Башкими – Брегалница, Игор Иванов (Велес)
Победа – Детонит Плачковица, Дејан Младеновски (Скопје)
Новаци – Кожуф, Пларент Салихи (Тетово)
Каменица Саса – Скопје, Марјан Дејановски (Кичево)
Вардарски – Осогово, Кирил Смоквоски (Прилеп)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!