Прва лигаФудбал

Тиквеш сезоната ја завршува на арената во Скопје

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во последното коло од Првата македонската фудбалска лига, Тиквеш му гостува на Работнички. Натпревар кој нема никакво резултатско значење за домаќинот додека Кавадарчани со евентуална победа сезоната ќе ја заврши на петтата позиција.

Тиквеш во престолнината доаѓа со серија од три настапи без пораз во кои само еднаш се радуваше на триумф и тоа на гостувањето против Македонија ЃП додека пред своите навивачи освојуваше по бод во соочувањата со Арсими и Пелистер.

Во двата дуели одиграни во досегашниот тек од првенството Тиквеш забележа победа на гостувањето во Скопје кога на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски славеше со 2:0, а стрелци на головите беа Даниел Миловановиќ и Кристијан Стојкоски додека првиот на првиот меч во Кавадарци мрежите мируваа на двете страни.

Дуелот меѓу Работнички и Тиквеш почнува во 16 часот и 30 минути.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Победа со „петарда“ за Ултрас пред полн стадион, Никола Толевски го расплака Борец со гол во 91. минута, Росоман до три бода

Прилепска Победа забележа уште еден висок триумф откако во рамките на 8. коло на Трета лига регион 2 пред домашната публика го декласираше...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори 8. коло на Трета лига регион 2. Херој на единствениот погодок...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Речица на крилата на Дарио Јакимовски го доби Влазними од Оризари

Речица со минимална победа од 1:0 над Влазними од Оризари го отвори...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!