Трета лигаФудбалЧетврта лига

ФОТО: Кул со „петарда“ против ССК Нова го подигна шампионскиот пехар и обезбеди место во Трета лига

Сподели
Сподели



Екипата на Кул обезбеди влез во Третата македонска фудбалска лига – Север за следната сезона, откако во последното коло од Општинската фудбалска лига во Кисела Вода со убедливи 5:0 го доби тимот на ССК Нова.

Натпревар во кој фудбалерите на Кул беа доминантни од самиот почеток и со добра игра стигнаа до висока победа, со која од следната сезона ќе бидат дел од третолигашкото друштво.

Натпреварот беше одигран на стадионот „Цементарница“ во Скопје.

Инаку, ФК Кул важи за клуб кој располага со голема база на млади фудбалери и претставува вистински расадник за млади таленти, тимот редовно учествува како на домашни така и на силни меѓународни турнири со младинските категории.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч од 4. коло на Трета лига регион 1. Флорент Османи го...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!