Турнири

Сатеска „силно претече и го однесе“ Демо Пласт, Инекс Олгица, Термити и Агро Рес до убедливи победи

Сподели
Сподели



Синоќа на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ се одиграат нови четири натпревари од нокаут фазата, кои понуди многу погодоци и убедливи победи за комплетно уживање на публиката.

Уште на првиот меч беше најавено дека ќе има голеадата на сите натпревари. Инекс Олгица ја оправда фаворитската улога со триумф од 4:2 над КОВ Охрид, додека пак во вториот меч Термити Битола со 2:4 забележа триумф над тимот на ДООЕЛ Ноче.

Триумф со четири погодоци однесе и екипата на Агро-рес Ресен славејќи триумф со 1:4 над БИ-ЗИ Груп. Последниот меч понуди дури десет погодоци, тотална доминација и убедлива победа за Сатеска, откако со 8:2 го „декласираше“ тимот на Демо Пласт.

Вечерва на програмата се нови пет натпревари, со што гледачите ќе може да уживаат во натпревари кои се очекува исто така да биде возбудливи, неизвесни, но и да донесат одново многу погодоци. Програмата започнува со првиот меч од 19 часот, а последниот меч е во 23 часот.

  • 19:00 Викса Пром – Чикос Алегрес
  • 20:00 ТОМ-ГОР – Охридски бисер Филеви
  • 21:00 Кафе бар 9 – Гранит Х
  • 22:00 Аце Најдески – Јован 2014
  • 23:00 Чардак Велгошти – Ескобар Волино

После одигрувањето на нокаут фазата, ќе се формираат четири групи по три екипи. Двете прво пласирани екипи во група продолжуваат во 1/4 финале. Ждрепките за групите ќе се одржат веднаш после последниот натпревар од нокаут фазата.



Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!