Прва лигаТрета лигаФудбал

Хрватски третолигаш направи уште еден милионски трансфер, во Македонија тоа ниту прволигаш не го може!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалскиот клуб Кустошија кој се натпреварува во Третата хрватска лига дефинитивно препрасна во еден од најуспешните клубови кога е во прашање развојот на млади фудбалери, но и успешните трансфери од милионски суми.

Во клубот е влијателниот агент Енди Бара, а последен голем милионски трансфер кој го направи Кустошија е фудбалерот Баје Кулибали, 18-годишниот стопер се пресели во редовите на америнаскиот МЛС клуб Шарлоз за сума од два милиони евра, но и дополнителен милион евра во бонуси и 25% од следниот трансфер на Кулибали.

Талентираниот фудбалер остави голем белег откако со репрезентацијата на Мали го осови третото место на Светското првенство за играчи до 17 години во Индонезија.

Кулибали во Кустоија пристигна од Етоал Манд за 500.000 евра, а веќе хрватскиот клуб си ја заврши својата работа и инкасираше големи финансии, а секако клубот и во иднина ќе инкасира големи суми во својот клупски буџет.

Претходно, хрватскиот клуб направи голем трансфер со Сенегалецот Микаил Фаје кој замина во Барселона за 1,5 милиони евра, потоа напаѓачот Дино Клапија кој напрви трансфер од три милиони евра, како и Нико Томашевиќ за трансфер од еден милион евра, но со големи милионски бонуси.

ТАКА СЕ РАБОТИ ВО ХРВАТСКА, НО ДАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМАМЕ ВАКВИ ТРАНСФЕРИ?

Сите гледаме, читаме и слушаме за оваа успешна приказна за овој хрватски третолигаш, големите гиганти во Хрватска и Србија тоа го прават со години, како и во Босна и Херцеговина, но Македонија е далеку од оваа реалност.

Ако зборуваме за Третата македонска фудбалска лига тука над 80% од клубовите одвај крпат крај со крај со финансии, терени во ужасна состојба, некои клубови и натаму се натпреваруваат со играчи кои имаат над 45 години. При секоја тензична ситуација, веднаш се забранува публика на стадиони, каде и онака одвај се собираат 100 гледачи.

Секојдневно зборуваме за потребата од ВАР, се постигнуваат погодоци со рака како да се регуларни, а пак регуларни погодоци се поништуваат… пола екипи немаат плата со месеци… терени при еден обилен дожд веднаш се под вода, соблекувални пред распаѓање, топла вода на пола стадиони и натаму немаме… но затоа се ветуваат брда и долини кога се во прашање развој на младински фудбал и слично.

Во следниот период ќе реализираме емисија токму на оваа тема.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига, а вниманието го привлекуваат дуелите меѓу Спартмани и Дрвош, како и...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига,...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!