ФудбалФутсал

Градско дерби во Кавадарци, супер-дерби на Шкупи и Форца, Бутел ќе бара прва победа!

Сподели
Сподели

Продолжен викенд во Првата футсал лига, деветтата рунда ќе се отвир денес, а ќе се комплетира дури следната среда (11. декември)

Вечерва во 20:30 часот Проект како домаќин овој пат ќе игра во Велес и ќе ги одмери силите со Јувенту Серава. Домаќинот ќе биде фаворит на овој меч, а ќе бара брзо враќање на победничките патеки откако во претходното коло го загуби дербито од шампионот и лидер Форца. Јувентус Серава на овој меч ќе цели на три бодови и прогрес кон средината од табелата.

Во сабота Бутел и Кеги Моби ќе играат дерби од долниот дел на табелата каде Бутел ќе бара прва победа, а пак велешкиот тим ќе сака триумф за да се зацврстува во средишниот дел на табелата.

Во недела ќе бидат одиграни два натпревари. Супер-дербито на колото го играат второпласираниот Шкупи и шампионот Форца односно лидерот на табелата.

Трите бодови се императив и за двете екипи, Форца засега е единствениот непоразен тим, а пак Шкупи во директната пресметка сака триумф за да се израмни со Форца на врвот од табелата.

Железарец на домашен терен ќе го пречека тимот на Осогово во соочување каде и двете екипи во претходното коло претрпеа високи порази, па сега ќе бараат враќање на победничките патеки.

Колото ќе се комплетира дури во среда (11. декември) со Градското дерби во Кавадарци меѓу Клими и Црна Река, каде Клими со три бодови ќе го напаѓа петтото место, но со тоа и би се зацврстил во средината од табелата, а пак Црна Река со триумф ќе се одлепи од опасната зона.

  • НАЈАВА НА 9. КОЛО ВО ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Коло 9
Коло Датум/време Место Натпревар Резултат
9 07.12.2024 17:30 Скопје КМФ БУТЕЛ 2022 – КМФ КЕГИ-МОБИ Велес -:-
9 11.12.2024 20:30 Кавадарци КМФ КЛИМИ Кавадарци – ФК ЦРНА РЕКА/КМФ -:-
9 05.12.2024 20:30 Велес КМФ ПРОЕКТ – КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА -:-
9 08.12.2024 16:00 Скопје КМФ ШКУПИ 1927 ДОО – КМФ ФОРЦА 2015 -:-
9 08.12.2024 20:30 Скопје КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ – КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка -:-

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!