Младински фудбалФудбал

Пионерите на Вардар Неготино есенски шампион во Трета лига, Петар Смилков најдобар стрелец!

Сподели
Сподели

Пионерите на Вардар Неготино се есенски шампион во Третата лига пионери лига А со 25 бодови на своето конто и учинок од осум победи, едно реми и два порази.

Вардар Неготино одигра одлична есенска полусезона откако во текот на целата есенска полусезона доминираше на фудбалски терени со што го има и најефикасниот напад кој има реализирано 44 погодоци.

Дека пионерите на Вардар Неготино имаа одлична полусезона говори фактот што Петар Смилков е најдобра стрелец во лигата со постигнати фантастични 22 погодоци, што значи дека 15-годишниот Смилков ги има постигнато пола од погодоците на неговата екипа.

На второто место на листата на стрелци е Михаил Гоговски од екипата на Академија Осогово со десет погодоци, со што се гледа преголемата разлика во постигнатите погодоци на капитенот на Вардар Неготино, Петар Смилков.

„Одигравме одлична есенска полусезона. Премногу сме задоволни од тоа што го покажаа нашите момци во текот на овој есенски дел. Во екипата има голем потенцијал, овие играчи во иднина со сигурност би можеле да настапуват за првата екипа на Вардар Неготино“, изјави за Спортска Мрежа, тренерот Вили Смилков.

Со оваа генерација покрај Смилков како тренер работи и Илија Стојанов, а оваа тренерско дуо прави одлични резултати со производ на одлични играчи кои би биле иднината на Вардар Неготино.

Во Трета лига пионери лига А настапуваат осум екипи, на второто место заврши Академија Осогово со 20 бодови односно пет помалку од есенскиот шампион Вардар Неготино.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА ПИОНЕРИ ЛИГА А:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ГФК ВАРДАР Неготино 11 8 1 2 44 20 +24 25
2 ФК АКАДЕМИЈА ОСОГОВО 2022 11 6 2 3 27 19 +8 20
3 ФК СЛОГА 1934 11 6 1 4 39 20 +19 19
4 ОФК МАЛЕШ 11 6 1 4 29 17 +12 19
5 ГФК ОСОГОВО 11 6 0 5 22 20 +2 18
6 ФК СИЛЕКС АД 11 4 3 4 23 17 +6 15
7 ФК КАМЕНИЦА САСА 11 2 2 7 13 37 -24 8
8 ФК ВАРДАРСКИ 11 0 2 9 7 54 -47 2

Во продолжение можете да погледнете дел од листата на најдобри стрелци, односно на играчите кои постигнале најмногу погодоци во есенскиот дел.


  • ЛИСТА НА НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ:
  • 22 Смилков Петар (ГФК ВАРДАР Неготино)
  • 10 Гоговски Михаил (ФК АКАДЕМИЈА ОСОГОВО 2022)
  • 9 Колишев Бојан (ФК СЛОГА 1934)
  • 9 Милчовски Филип (ОФК МАЛЕШ)
  • 9 Фидановски Матеј (ФК СЛОГА 1934)
  • 6 Зафироски Михаил (ГФК ОСОГОВО)
  • 5 Андонов Андреј (ФК КАМЕНИЦА САСА)
  • 5 Великов Диме (ГФК ВАРДАР Неготино)
  • 4 Антовски Војдан (ФК КАМЕНИЦА САСА)
  • 4 Вакански Кико (ОФК МАЛЕШ)
  • 4 Николов Никола (ГФК ОСОГОВО)
  • 3 Андреев Андре (ФК СЛОГА 1934)
  • 3 Димитровски Лука (ФК АКАДЕМИЈА ОСОГОВО 2022)
  • 3 Ивановски Дамјан (ФК СИЛЕКС АД)
  • 3 Карпачев Виктор (ГФК ВАРДАР Неготино)
  • 3 Миловски Јоце (ФК СЛОГА 1934)
  • 3 Миовски Матеј (ОФК МАЛЕШ)
  • 3 Младеновски Марио (ФК АКАДЕМИЈА ОСОГОВО 2022)
  • 3 Павловски Филип (ФК АКАДЕМИЈА ОСОГОВО 2022)
  • 3 Трајковски Никола (ФК СИЛЕКС АД)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!