Прва лигаФудбал

Силекс ја продолжува соработката со стратегот Александар Васоски

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Само неколку дена по големиот успех и освоениот трофеј во Купот на Македонија, Силекс потврди уште една важна вест за клубот и навивачите. Александар Васоски и официјално останува на кормилото на кратовскиот тим и во следната сезона.

Раководството на Силекс реши да ја продолжи соработката со стратегот кој сезонава го предводеше тимот до голем успех и обезбеди излез на европска сцена.

Васоски ќе биде предводник на кратовци и во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде Силекс ќе се обиде достојно да ја претставува Македонија.

Клубот од Кратово зад себе има успешна сезона во која го освои Купот на Македонија, а првенството ќе го заврши на четвртата позиција зад Вардар, Шкендија и Струга Трим Лум.

Од клубот преку официјално соопштение ја потврдија продолжената соработка со Васоски.

„Тетовче мајсторе – Тетовче шампионе! ФК Силекс ја информира јавноста дека е продолжена соработката со шефот на стручниот штаб, Александар Васоски, кој и во наредната сезона ќе го предводи нашиот тим. По историската сезона и освоениот Куп-пехар, заедничката приказна продолжува со нови предизвици, нови победи и нови успеси на европската сцена ова лето. Шефот останува – до нови победи!“

Со продолжувањето на договорот, Силекс испраќа јасна порака дека клубот сака континуитет и стабилност по една од најуспешните сезони во последните години, а навивачите со право очекуваат нови успеси и возбудливо европско лето.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Кошарка

Вардар продолжува победнички, шампионот Крива Паланка се разбуди, Пробаскет ја запиша првата победа!

Третото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига донесе убедливи победи, интересни индивидуални остварувања и нови поместувања во првенството. Вардар продолжи со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Балкан убедливо го декласираше Кратово

Ланскиот прволигаш Балкан на домашен терен забележа убедлива победа совладувајќи го Кратово...

ФудбалФутсал

Историска победа за Шутка 1, пет гола за Армандо Алијевиќ, Победа декласирана со 14 погодоци!

Дебитантот Шутка 1 ја забележа првата историска победа во Втората футсал лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!