Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа Валандово го подигна шампионскиот пехар, две екипи не се појавите на теренот!

Сподели
Сподели

Екипата на Победа Валандово денеска и официјално го доби шампионскиот пехар, откако „калинкарите“ ја освоија титулата во Трета лига – Исток и обезбедија бараж за пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Шампионскиот пехар на победничкиот тим му го врачи претседателот на ТМФЛ – Исток, Александар Андов, кој на фудбалерите на Победа им посака многу успех во претстојниот бараж натпревар за влез во второлигашката конкуренција.

Инаку, Победа Валандово денеска требаше да го одигра последниот натпревар од сезоната против Брегалница Делчево, но гостинската екипа не се појави во Валандово. Наместо натпревар и шампионски шпалир, на стадионот беше организирана само свечената церемонија за доделување на шампионскиот пехар.

„Денес со голема чест го доделив пехарот на шампионот во Трета Лига Исток на екипата на ФК Победа Валандово. Им посакуваме многу успех и среќа во бараж натпреварот што ќе се одигра на 30.05.2026 година во Штип. Веднаш по доделувањето, заедно со градоначалникот на Валандово г-дин Ѓоко Камчев, го проследивме и натпреварот помеѓу ФК Ударник Пирава и ФК Карбинци. Честитки до играчите и управите на двата клуба за прикажаниот спортски дух и љубовта кон фудбалот“, вели Андов.

Во Пирава, натпреварот помеѓу Ударник Пирава и Карбинци заврши без победник (1:1). Бојан Ристов во 75. минута донесе водство за домаќинот, додека искусниот Мирче Натков во 89. минута погоди за конечни 1:1.

Претходно, како што објави Спортска Мрежа, не се одигра ниту натпреварот во Свети Николе помеѓу Овче Поле и Малеш, откако гостинскиот тим од Берово не допатува на средбата.

По денешните случувања, дефинитивно се отвора прашањето какви санкции ќе добијат екипите кои не ги одиграа последните натпревари од шампионатот во Трета лига – Исток, за што ќе расправа Дисциплинската комисија.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката за врвот во Третата македонска фудбалска лига – Регион 6. Гостивар...

Ракомет

Вардар го доби вечното дерби, Пелистер немаше одговор за „црвено-црните“!

Вардар ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат и ја потврди лидерската позиција со триумф над најголемиот ривал Еурофарм Пелистер. Во деветтото коло...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Доброшти славеше во Дебар, Гостивар испушти 2:0, Џепчиште со „петка“

Доброшти со победа од 1:3 на гостувањето кај Кораби ја продолжи трката...

Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа...

Трета лигаФудбал

Пчиња со „осумка“ и хет-трик на Нешевски, Куманово го чува врвот, Академија Осогово до гостински бод

Пчиња 2015 ја забележа најубедливата победа во осмото коло од Третата македонска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!