Прва женска фудбалска лигаФудбал

Христина Јовановска го реши дербито во Струмица, Јована Павловска донесе три бода за Ас Јунајтед, Пелистер со „шестка“ за Ас Јунајтед

Сподели
Сподели

Со голот на Христина Јовановска беше решено дербито во Струмица, откако Каменица Саса со минимални 0:1 го доби дербито со Тиверија Брера, во рамките на 11. коло на Првата женска фудбалска лига.

Ас Јунајтед врза втора победа откако во Скопје го доби Вардар со 1:2 со што трите бодови заминаа во Струмица, а херој за стружанки беше Јована Павловска која беше двоен стрелец.

Токму Павловска во 24. го отвори резултатот за водство на Ас Јунајтед, а во 41. минута од средбата Меланија Грозданова погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Павловска со втор гол ги постави конечните 1:2 со што Ас Јунајтед стигна до четвртата сезонска радост.

Пелистер беше убедлив против Речица во гости каде славеше со 0:6 со што битолскиот тим експресно се врати на победите по поразот во претходното коло од Тиверија Брера.



Ана Нешковска беше двоен стрелец, а пак по еден гол постигнаа Леонора Велкоска, Анета Марковска, Мелиса Милица Димитриоска и Мила Талевска.

Колото се затвара во вторник со дербито во Тетово меѓу Љуботен и Скопје, како и со мечот меѓу Истатов и Кочани.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Кошарка

Вардар продолжува победнички, шампионот Крива Паланка се разбуди, Пробаскет ја запиша првата победа!

Третото коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига донесе убедливи победи, интересни индивидуални остварувања и нови поместувања во првенството. Вардар продолжи со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Балкан убедливо го декласираше Кратово

Ланскиот прволигаш Балкан на домашен терен забележа убедлива победа совладувајќи го Кратово...

ФудбалФутсал

Историска победа за Шутка 1, пет гола за Армандо Алијевиќ, Победа декласирана со 14 погодоци!

Дебитантот Шутка 1 ја забележа првата историска победа во Втората футсал лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!