Младински фудбалФудбал

Антиан Емини блесна со 29 гола: Бисерот на Македонија ЃП и гордост на кичевска Ускана

Сподели
Сподели



Младиот фудбалер на Македонија ЃП, Антиан Емини, ја одбележа сезоната 2025/2026 во Кадетската супер лига, откако со неверојатни 29 погодоци заврши како најдобар стрелец во шампионатот.

Станува збор за еден од најголемите фудбалски таленти во Македонија, фудбалер кој од натпревар во натпревар го привлекува вниманието со својата ефикасност, брзина, чувство за гол и фудбалска интелигенција. Емини уште еднаш покажа дека пред себе има блескава иднина и дека македонскиот фудбал добива нов голгетер од голем калибар.

Младиот напаѓач потекнува од ФК Ускана од Кичево, клуб кој со години важи за вистински фудбалски расадник и место од каде излегуваат бројни талентирани фудбалери. Ускана уште еднаш потврди дека одлично работи со младите категории, а Антиан Емини е само уште еден доказ за квалитетната работа на кичевскиот клуб.

Освен во кадетска конкуренција, Емини сезонава добиваше шанса и во младинскиот состав на Македонија ЃП, каде исто така прикажуваше одлични партии. Во вкупно 30 натпревари во двете конкуренции постигна импресивни 35 голови, а зад своето име запиша и 24 асистенции, бројки кои ретко се гледаат кај фудбалер на негова возраст.

Антиан Емини во дресот на ФК Ускана

Дополнителна потврда за неговиот огромен потенцијал е и фактот што дебитираше за сениорскиот тим на Македонија ЃП во Првата македонска фудбалска лига со неполни 17 години. Во клубот очигледно имаат голема доверба во неговиот талент, а Емини со своите настапи покажува дека е подготвен за големи предизвици.

Со вакви бројки, настапи и развој, Антиан Емини без дилема е едно од најголемите откритија на младинскиот македонски фудбал, а ФК Ускана повторно докажува дека знае како да создава врвни фудбалски таленти за иднината на македонскиот фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!