Втора лигаФудбал

Костов: Кога дојдов, Брегалница имаше само шест фудбалери, денес сме шампиони и прволигаши!

Сподели
Сподели



Брегалница повторно е дел од елитното македонско фудбалско друштво! Штипските „сини“ ја освоија шампионската титула во Втората македонска фудбалска лига и од следната сезона ќе настапуваат во Првата лига, а еден од најзаслужните за големиот успех е искусниот стратег Влатко Костов.

За Костов ова е вкупно шеста промоција во тренерската кариера од Втора во Прва лига, а по вторпат тоа го прави токму со Брегалница. Претходно успеа тоа да го направи со Осогово, Куманово, Хоризонт Турново и Пелистер, со што важи за еден од најуспешните македонски тренери кога станува збор за промоции во прволигашкото друштво.

Станува збор за искусен тренер со богата кариера, кој зад себе има и шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига со Ренова, како и трофеј во Купот на Македонија. Костов има и значително меѓународно искуство, а со својата работа повторно покажа дека знае како да создаде победнички тим.



По големиот успех и враќањето на Брегалница во елитата, Костов се обрати до јавноста со емотивна порака во која откри низ што поминал клубот пред стартот на сезоната.

„Кога дојдов во клубот во јули, 2025-та година, клубот беше оставен во состојба на неизвесност околу опстанокот и со вкупно 6 фудбалери на располагање (2 сениори и 4 млади фудбалери). Сите останати клубови од ВМФЛ веќе беа во одмината фаза од подготовките за новата сезона.

Затекнат од жалната ситуација во клубот, кој постоеше можност и целосно да згасне, се нафатив на одговорноста и успеавме набрзина да мобилизаме 18-тина фудбалери со голема поддршка од Општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов, со што во последен момент склопивме тим и успеавме со задоцнување од 20-тина дена да започнеме со подготовките“, вели Костов.

И покрај тешкиот старт, Брегалница успеа да се консолидира и да изгради шампионски тим кој сезонава доминираше кога беше најпотребно.

„На резултатски план, секој клуб има тешки моменти во текот на сезоната, истите секако на моменти ги имавме и ние, но се консолидиравмe, се вративме уште посилни и бевме најдобри кога беше најпотребно – во директните дуели со конкурентите за првото место.“

Костов не ја криеше емоцијата и гордоста поради враќањето на Брегалница во Првата лига, а посебно ја истакна поддршката од навивачите и градот.

„Денес, гордо стојам пред вас, искрените поддржувачи на мојот омилен и матичен клуб, ФК Брегалница. Ви се заблагодарувам што бевте со нас во текот на целата сезона, и во добро, и во лошо. Особено ми е мило и чест што на стадионот се вратија навивачи кои долго време не ги следеа натпреварите на ФК Брегалница.“



Тренерот упати благодарност до фудбалерите, стручниот штаб, управата, навивачите и сите кои помогнале во сезоната која заврши со шампионски пехар.

„Најголема благодарност до моите херои – фудбалерите, мојот стручен штаб, и административниот персонал на клубот, на чело со претседателот на клубот.

Исклучителна благодарност од сите нас во клубот до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“, кои секогаш и секаде беа со нас, како и до Советот на Општина Штип и медиумите, а посебна благодарност и до градоначалникот Иван Јорданов, кој цела година со своето присуство ни беше ветер во грб. Ја користам оваа прилика, во мое лично име, да им се заблагодарам и на спонзорите кои ни помогнаа да го изодиме овој пат кон ПМФЛ.“

Костов потенцираше дека овој успех има уште поголема вредност поради големиот број домашни фудбалери кои беа дел од тимот.

„Ова е вкупно шести обезбеден пласман на клуб од ВМФЛ во ПМФЛ во мојата речиси 30-годишна тренерска кариера (двапати со ФК Брегалница и по еднаш со ФК Осогово, ФК Куманово, ФК Турново и ФК Пелистер).

Значајно да се напомене е и дека ова е успех во кој беа вклучени и свој придонес дадоа 11 домашни/штипски фудбалери во составот.“



На крајот, искусниот стратег испрати силна порака за иднината на клубот и љубовта кон Брегалница.

„Секако дека еден ден и јас ќе заминам од ФК Брегалница, но да знаете дека, кога тоа ќе се случи, позади себе ќе оставам клуб поставен на сериозни темели, клуб кој ќе биде гордост на градот.

Уште еднаш, ВИ БЛАГОДАРАМ и се гледаме во новата, но сега ПРВОЛИГАШКА сезона.“

Со шампионскиот пехар во рацете и враќањето во елитата, Брегалница повторно го врати фудбалскиот жар во Штип, а Влатко Костов уште еднаш потврди зошто важи за еден од најценетите македонски тренери.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!