Турнири

Стоби Куп 2026 ќе донесе вистински детски фудбалски спектакл во Градско

Сподели
Сподели

Овој викенд, поточно утре, во Градско ќе се одржи едно од најубавите детски фудбалски случувања во регионот – Стоби Куп 2026, турнир кој ќе обедини млади таленти, многу емоции и вистински спортски дух.

Натпреварите ќе се играат на стадион во Градско, а на турнирот ќе настапат шест генерации – 2013, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година. Вкупно 24 екипи ќе одиграат 36 натпревари, при што секоја генерација ќе брои по четири екипи кои ќе се натпреваруваат по систем „секој со секого“.

Секој тим ќе одигра по три натпревари во формат 1×30 минути, а почетокот на турнирот е закажан за 09:00 часот. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во 17:00 часот.

На турнирот ќе учествуваат екипите на ГФК Неготино, ГФК Тиквеш, ФК Форца од Штип, ФК Борец Јуниор од Велес, ФК Фортуна 2009 од Скопје, ФК Росоман и ГФК Градско, а организаторите најавуваат одлична атмосфера, многу голови и незаборавни моменти за сите учесници.

Организацијата ќе биде на високо ниво, а сите екипи ќе треба да бидат подготвени најмалку 15 минути пред почетокот на своите натпревари. Право на настап ќе имаат максимум 14 играчи по екипа, а задолжителна ќе биде идентификација со спортска легитимација или пасош.



Организаторот обезбедува медицински персонал, амбулантно возило и лиценцирани судии од ФФМ, со цел турнирот да помине во најдобар можен ред и во безбедна атмосфера за сите деца.

Секое дете учесник ќе добие медал за учество, додека најуспешните екипи ќе бидат наградени со пехари за освоено прво, второ, трето и четврто место. Покрај тоа, ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец.

Стоби Куп 2026 уште еднаш ќе покаже дека детскиот фудбал во Македонија има светла иднина и дека ваквите турнири се вистинска можност младите фудбалери да ги покажат своите таленти и љубовта кон спортот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание на OHRID WOMEN’S CUP, нов меѓународен турнир во женски фудбал, кој...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!