ФудбалЧетврта лига

ГФК Пирамида е првак, в недела Чардак и Воска ќе решаваат кој ќе игра во Трета лига – Југозапад

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането е преземање на сликата без претходна писмена согласност
Сподели



Во недела со почеток од 17:30 часот на главниот стадион на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одигра големото финале на Општинската фудбалска лига на ФС Охрид, во кое силите ќе ги одмерат екипите на Чардак и Воска.

Победникот од овој финален натпревар ќе обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад за следната сезона, па затоа се очекува голема борба и неизвесен дуел на охридскиот стадион.

Инаку, во регуларниот дел од шампионатот првото место го освои екипата на ГФК Пирамида, која беше најуспешна во текот на сезоната.

Од ФС на Охрид упатија голема благодарност до сите екипи за коректниот однос во текот на сезоната, а во име на претседателот на ФС Охрид, Диме Попоски, беше испратена покана до сите љубители на фудбалот од Охрид да присуствуваат на финалниот натпревар и да бидат дел од одличната организација на големото финале.

Се очекува добра атмосфера, многу публика и вистински фудбалски спектакл во битката за место во Третата лига – Југозапад.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!