ФудбалФутсал

Кеги Моби конечно се израдува – го декласираше Железарец со „петарда“ во Велес!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Екипата на Кеги Моби стигна до првата сезонска радост во Првата футсал лига, откако во рамки на осмата рунда со 5:1 го декласираше тимот на Железарец.

Со овој прв триумф екипата на Кеги Моби направи скок од две места и го напушти дното, но и опасната зона за испаѓање во Втора лига, со тоа што сега е на осмото место со пет бодови на своето конто, а пак Железарец е на деветтото емсто со девет бодови.

Гостинскиот тим по само две минути игра дојде до водство преку Драган Брњарчевски, а потоа Марио Атанасовски со два погодоци направи комплетен пресврт за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел домашнио тим беше подобар и успеа да постигна уште три погодоци преку Ристовски, Стојковски и Адиловиќ за конечни 5:1.

Утре Осогово ќе игра на домашен терен во Крива Паланка против Шкупи, додека пак останува во нов термин да се одигра дербито меѓу Форца и Проект, кое беше одложено поради немањето на услови во салата, откако истата протече поради обилните врнежи, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!