ФудбалФутсал

Овче Поле пресилен со 15 гола, висока победа за ССК Скопје!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Екипата на Овче Поле со 15:2 го декласираше Карадаку во дуелот на ланските прволигаши.

Домаќинот беше голем фаворит на овој меч, а тоа беше оправдано со убедлива победа, откако Султанов имаше пет гола, Јованов, Блгоевски и Танев по два гола, а по еден гол постигнаа Бојковски, Иван Наумов, Арсов и Лука Наумов.

За гостинската екипа стрелци на погодоците беа Салим Реџепи и Омер Саќипи.

ССК Нова со 10:3 ја декласираше екипата на прилепска Победа во меч каде Здравевски имаше четири погодоци, Бислим три погодоци, Сулејман два гола, а пак Ѓуровски еден гол за домашниот тим. За тимот од Прилеп Јолески беше двоен стрелец, а еден гол постигна Барлески.

Конзули не успеа да слави против Мал Ајакс откако беше поразен со 6:7. За битолскиот тим двоен стрелец беше Крцоси, а по еден гол постигнаа Емини, Гелевски, Мицевски и Јовановски, за гостинот двата погодоци Дурмишов, а по еден гол постигнаа Филиповск, Синанов, Стојанов, Мамудов и Наков.

Екипата на Каршиака со 7:4 славеше над тимот на Партизан Југ од Брвеница.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа екипата на Кратово славеше над СЕЕ Университи, а пак Енхалон беше пресилен за Кораби.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!