Ракомет

Гоце Георгиевски ќе стави крај на кариерата во Вардар: Капитенот останува уште една сезона! 

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски, и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“ и ќе остане во клубот и наредната сезона, по што ќе стави крај на својата богата и успешна ракометна кариера.

Искусниот десен бек, кој е дете на Металург, зад себе има импресивна интернационална кариера, настапувајќи за француски Тулуз и романски Букурешт, пред во сезоната 2020/21 да пристигне во Вардар.

Оттогаш Георгиевски претставува еден од најважните играчи во тимот и вистински лидер на теренот и во соблекувалната, а со капитенската лента стана симбол на борбеноста и вардаровиот дух.

Од РК Вардар истакнаа дека се горди што токму нивниот капитен ќе ја заврши кариерата во дресот на најтрофејниот македонски клуб, со надеж дека последната сезона ќе биде уште поуспешна од актуелната.

За Вардар и навивачите следува уште една сезона со еден од омилените ракометари во „црвено-црниот“ табор – последниот танц на Гоце Георгиевски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

Тиверија Брера и Каменица Саса по втора Куп титула – финале со богата историја и голем влог!

Женскиот фудбалски Куп на Македонија ќе донесе ново возбудливо финале, во кое силите ќе ги одмерат Тиверија Брера и Каменица Саса – две...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па така кондициониот тренер Матеј Јовановски и официјално ја продолжи соработката и...

Поврзани написи
Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

Ракомет

Лино Червар се враќа во Македонија: Ракометниот великан нов тренер на Еурофарм Пелистер!

Еурофарм Пелистер и официјално ја започна новата приказна за сезоната 2026/27 со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!