ИнтервјуМагазинРакомет

На полувреме со…Бојан Блажески- еден од чуварите на Охридската ракометна Тврдина!

Сподели
Сподели

Сезонава, во Охрид не се игра само ракомет – се живее ракометна бајка. ГРК Охрид испишува една од најубавите страници во својата историја, а „Билјанини Извори“ повторно дише во ритамот на големите натпревари. „Гладијаторите“ стигнаа до финалето на ЕХФ Европскиот Куп, во Супер Лигата играат сезона за паметење и во еден момент успеаја да ја ,,урнат” непобедливата македонска ,,тројка”-  Вардар 1961, Алкалоид и Еурофарм Пелистер.

Имено, Охриѓани стигнаа и до финалето на Купот на Македонија, каде по голема битка несреќно останаа без трофејот, но уште еднаш покажаа дека оваа генерација не е само „изненадување“ – туку тим што верува дека може против секого.

ФОТО: ГРК Охрид

Еден од симболите на таа енергија е и голманот Бојан Блажески, кој заедно со одличните- Кристијан Пилиповиќ и Даниел Ѓорѓески, го сочинува триото ,,чувари” на Охридската ракометна Тврдина. Роден на 13.07.1997 година, Блажески зад себе има богато искуство – осум години мина во РК Бутел Скопје, беше капитен, лидер и едно од препознатливите лица на тимот, а од изминатава сезона започна ново поглавје во кариерата – во дресот на ГРК Охрид.

Соиграчите го опишуваат како голем мотиватор, човек кој секогаш верува во победа без разлика на противникот, а токму таа позитивна енергија и харизма го прават еден од впечатливите карактери во соблекувалната на Охрид.

Во пресрет на финалниот двомеч со унгарска Татабања, Блажески во забавно интервју за Спортска Мрежа, ни открива кој најмногу „бега“ од изјави, кој е најголем шегаџија во тимот, каква е атмосферата меѓу соиграчите, но и каков е приватно – надвор од ракометниот терен.

ФОТО: ГРК Охрид

🤾‍♂️ ОПШТО

  • После осум години поминати во РК Бутел, колку време ти требаше да почувствуваш дека и ГРК Охрид е „твој тим“? 😊 🔵⚪

– Искрено, не многу. Можеби една недела. 😄

  •  Кога влегуваш во нова соблекувална – прво набљудуваш или веднаш правиш атмосфера? 😂

– Веднаш правам атмосфера. 😁

  • Што најмногу ти се допаѓа во Охрид како град и колку време ти требаше за да се навикнеш на животот тука? 🌊

– Езерото, климата и воздухот ми се допаѓаат најмногу. Се навикнав веднаш! 😌

  • Соиграчите те опишуваат како човек што секогаш верува во победа – дали некогаш ти си тој што ја „турка“ вербата кога другите ,,паѓаат”? 🔥

– Така е, јас верувам во своите соиграчи и секогаш гледам да направам сè што можам и да  придонесам за екипата да победи. 👬💪✌

  • Ако не беше голман – на која позиција би играл?  🥅🤾‍♂️🧤

– Дефинитивно крило или среден бек.

  • Ако не беше ракометар – што мислиш дека ќе работеше денес?

– Ќе се занимавав со некој друг спорт . Фудбал, дефинитивно. ⚽️

  •  Што повеќе те опишува: дисциплина или инстинкт?

– Инстинкт.

  • Што те „ресетира“ најмногу: сон, музика или прошетка покрај Езеро во тишина? 😴🎵🚶‍♂️

– Музика 🎸🎧

ФОТО: ГРК Охрид
  •  Пица или бургер после победа? 🍕🍔

– Бургер 🍔😆

  • Кафе и мир или кафе и 200 луѓе околу тебе? ☕

-Кафе и пријатели ☕👬

  • Имаш ли хоби што нема врска со ракомет?

– Сакам да скијам 🏂❄🏔

  • Дали си човек што верува во „луд пресврт“ и кога сите мислат дека е готово? 😄

-Да! 💪😁

  •  Да мотивираш тим или да бидеш херој на мечот? 🔥

– Двете 🥅🧤💥

  •  Што е тоа што те смирува надвор од терен? 😌

– Друштво, серија , прошетка. 🚶‍♂️👬🎬 😌

ФОТО: ГРК Охрид

👬🏐 СОИГРАЧИ:

  • Кој е најголем ,,паничар”пред натпревар? 😂

– Нема таков 🙄

  • Пред важен меч, кој глуми дека е мирен, а внатре во себе „врие“? 😏

-Паа..мислам дека секој спортист го има ова во себе. 🤔

  • Кој е најопасен кога ќе се налути на терен? 🔥

– Јагуриноски 💥😄

  • До кого најчесто седиш во автобус кога одите на гостувања? 🚌

– Џука, Гоце или Томи 😁

  • Кој ти е најсличен по карактер од соиграчите? А кој е со спротивен карактер од твојот?

– Најсличен- Савре 😄 Спротивен.. Стрми 🇸🇮🤔

  • Со кого имаш најдобра ,,хемија” на терен?

– Со дефанзивните играчи 🧱💪

ФОТО: ГРК Охрид
  • Кој од соиграчите има најсилен шут? 💣

– Вуко и Петриќ 💥🎯

  •  Со кого од Бутел си најблизок приватно?

– Со Георгиевски и Стојановски 👬

  • Ако соблекувалната има DJ – кој би бил? 🎧🎶

– Савре и Гоце 📻😁

  •  Кој соиграч не сака многу да зборува и секој збор му е ,,злато”🏅вреден? 🗣🔇🤣

– Вуко Борозан 🇲🇪😄

  •  Кој, пак од вас е најзборлест? 🗣📢

– Савре 😄

  •  Кој би можел да биде инфлуенсер, покрај ракометар? 😂📸

– Нема таков 🤣

  •  Кој најмногу сака да се „кара“ со судии? 😏

– Стручниот штаб 😄🟥

  •  Кој најмногу се гледа во огледало пред меч?🪞👀

– Паа..нема таков 😅

  •  Кој најмногу доцни? 🕑

– Ќосе 😆

  •  После победа – мирна вечер или „мала прослава што се памети“? 😆🔥

– Во зависност од натпреварот ама секогаш прославата е дел од победата. 🍻🥳🏆

  • Кој најчесто „заборава“ нешто пред гостување – дрес, патикa или глава? 😂

– Петриќ 😄

  •  Кој е најголем „спијач“ во автобус? 😴

– Никола Ристески – без конкуренција! 🤣

  • Кој во РК Охрид е најгладен во автобус на гостувања? 🍔😆

– Реј 🇪🇸😅

  •  Кој најмногу би се нервирал ако му одбраниш три пати по ред на тренинг? 😏🧤🥅

– Петриќ 😄

  • Кој е најсмирен во клучни моменти? 😌

– Џукич 💪

  • Кој е најголем инаетџија? 😂

– Јас 🤣

  • Кој најмногу би ,,преживеал” без телефон? 😄

– Реј 🤔

ФОТО: ГРК Охрид

🧤🥅 ГОЛМАНСКА ЕКИПА

  • Кој од вас, голманите, најмногу анализира, а кој најмногу „реагира инстинктивно“?

– Анализираме заедно, но јас повеќе му верувам на својот инстинкт.

  •  Кој од голманите најмногу драматизира по примен гол? 😂

– Па, јас 🤣

  •  Кој е најсериозен меѓу вас голманите, а кој најголем шегаџија? 😄

– Најсериозен нема, а Даниел е шегаџија 😅

  • Кој најмногу се нервира кога ќе му дадат „цепелин“? 💣

– Паа…не знам 🤔

  •  Кој најмногу се нервира ако прими лесен гол? 😧

– Мислам дека сите исто се нервираме. 🤔

  •  Кој во тимот најмногу би сакал натпреварите да завршуваат… без изјави после тоа? 😂🎙📸

– Савре 😄

ФОТО: ГРК Охрид

🔥🏆 Финале – Татабања двомеч

  • Што ќе биде клучно во двомечот против Татабања- напад, одбрана, или домашен терен и навивачи?

– Одбраната е клуч за целиот наш успех оваа година, па така ќе биде и сега. 👍🧱

  • Што е поголем притисок – да браниш дома или да браниш во пеколна гостинска атмосфера? 😏

-Притисок немам- одлично е да играш пред полна сала со наши навивачи, а уште подобро е кога на гостински терен се натпреваруваш против навивачи и противничка екипа. 🔥

ФОТО: ГРК Охрид
  • Што мислиш, кој прв ќе погоди за Охрид, на реваншот дома?

– Тасе 💪😁

  • Кој мислиш дека ќе биде „скриениот херој“ во финалето?

– Кукуловски 💥💪

  • Кој ќе мора најмногу да „полуди“ за да се добие Татабања?

– Ние, голманите 🥅🧤🔥

  •  Ако финалето влезе во драма – кој прв ќе ја крене атмосферата во тимот? 🔥

– Јас 😁

  • Порака до навивачите пред финалниот двомеч?

– Да ја наполниме ,,Билјанини Извори” и да уживаме сите заедно- ние на терен, вие на трибини и да ја завршиме оваа успешна сезона со Европски Трофеј! Да бидеме сите заедно дел од една успешна, историска сезона! 🏆🏅

ФОТО: ГРК Охрид

Во Охрид не се изгради само тим, туку приказна. ГРК Охрид, оваа сезона игра со срце поголемо од резултатите, носејќи енергија што се чувствува и на терен и на трибините – од големите победи над гиганти до европскиот пат што го претвори клубот во вистинска ракометна бајка.

Во таква приказна, Блажески не е само чувар на мрежата, туку и чувар на духот на тимот. Заедно со Кристијан Пилиповиќ и Даниел Ѓорѓески, тој го сочинува триото што ѝ дава сигурност на охридската одбрана, но и карактер на соблекувалната – сила која верува кога е најтешко, и глас што знае да крене кога е потребно.

А кога сезоната ќе се сведе на еден момент, останува едно чувство: дека ова не е само серија натпревари, туку патување во кое секој гол, секоја одбрана, секој збор и секоја победа се дел од една поголема приказна што допрва се пишува.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Три второлигаши пред „финале“ за спас на сезоната и опстанок во Втора лига

Три второлигашки екипи ќе мора да одиграат натпревари со карактер на финале за да ја спасат сезоната и да обезбедат опстанок во Втората...

ИнтернационалциФудбал

Бехар Фета го освои Купот на Словенија – македонскиот фудбалер блеска во дресот на Алуминиј!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бехар Фета, стигна до голем успех во својата кариера, откако со екипата на Алуминиј го освои Купот на...

Поврзани написи
Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

Ракомет

Гоце Георгиевски ќе стави крај на кариерата во Вардар: Капитенот останува уште една сезона! 

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски, и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“...

Ракомет

Лино Червар се враќа во Македонија: Ракометниот великан нов тренер на Еурофарм Пелистер!

Еурофарм Пелистер и официјално ја започна новата приказна за сезоната 2026/27 со...

Ракомет

Висока победа за Младост од Богданци и лидерот Мулти Есенс, Драчево Јуниор и Јехона убедливи

Претпоследното 25. коло во Првата ракометна лига донесе возбудувања и важни победи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!