Ракомет

Охрид го урна шампионот Вардар – на чекор од потврда на второто место!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид приредија големо изненадување во плеј-офот од македонската Суперлига, откако на домашен терен славеа против шампионот РК Вардар 1961 со 26:24 и направија огромен чекор кон освојување на второто место на табелата.

Во салата „Билјанини Извори“ се водеше голема битка од првата до последната минута, а охриѓани успеаја да му го нанесат првиот пораз на Вардар во плеј-оф фазата.

Домашниот состав подобро го отвори натпреварот и во неколку наврати имаше предност од три гола, но „црвено-црните“ со подобра игра во финишот на првото полувреме направија пресврт и на паузата заминаа со водство од 14:12.

Вардар во вториот дел стигна и до „плус четири“ (16:12), но следуваше фантастичен период на Охрид. Со серија од четири гола во низа домаќините израмнија, а потоа преку Иванковиќ, Ѓукиќ, Лиапис и Јасухира целосно го презедоа ритамот на натпреварот и поведоа со 21:17.

Шампионот се обиде да се врати во неизвесна завршница, неколку пати намалуваше на само еден гол негатива, но охриѓани одиграа смирено во клучните моменти. Важна улога имаше и голманот Пилиповиќ со неколку значајни интервенции во самиот финиш, по што Охрид ја завери големата победа.

Најефикасни во победничкиот состав беа Анте Иванковиќ и Косуке Јасухира со по шест погодоци, додека Пилиповиќ натпреварот го заврши со 11 одбрани. Кај Вардар, Жоао Педро Да Силва постигна пет гола, а Пинто додаде четири.

Со овој триумф, Охрид значително се доближи до второто место кое носи пласман во Лига Европа следната сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Чувството е преубаво“: Јагуриноски по големата победа над Вардар!

Ракометарите на Охрид стигнаа до голема победа во дербито против Вардар и продолжуваат да ја држат трката за второто место во Супер Лигата,...

Ракомет

„Ова е историја за Охрид – првпат го победуваме Вардар“: Ристески по историскиот триумф над шампионот!

Ракометарите на Охрид испишаа историја во 8. коло од плеј-офот, откако за првпат го совладаа Вардар со 26-24 и направија голем чекор кон...

Поврзани написи
Ракомет

„Чувството е преубаво“: Јагуриноски по големата победа над Вардар!

Ракометарите на Охрид стигнаа до голема победа во дербито против Вардар и...

Ракомет

Пролет го надигра Радовиш во второто полувреме

Ракометарите на Пролет остварија сигурна победа над Радовиш со 37:29 во рамки...