Втора лигаФудбал

Стојчевски ќе ја дели правдата меѓу Осогово – Брегалница, Стојановски ќе им суди на Детонит Плачковица – Охрид

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Претпоследното, 29. коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревари со огромно резултатско значење, особено во Кочани каде Брегалница сака само три бодови против Осогово, а пак Охрид мора да го добие Детонит Плачковица во трката за прволигашки бараж.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.

На стадионот во Кочани, каде Осогово ќе го пречека лидерот Брегалница, главен судија ќе биде Игор Стојчевски. Нему ќе му асистираат Горан Милошевски и Александар Николоски, додека четврти судија е Дејан Младеновски. Делегат на средбата е Зоран Златановски, контролор Игор Ширилов, а за овој натпревар е делегиран и комесар за безбедност на ФФМ, а тоа е Славко Дукоски.

Во Радовиш, на мечот меѓу Детонит Плачковица и Охрид, кој исто така може директно да влијае на трката за бараж за Прва лига, правдата ќе ја дели Марјан Стојановски. Негови помошници ќе бидат Куштрим Лика и Осман Зекири, четврти судија е Бенарт Зекири, делегат Беким Шеји, а контролор Ѓорги Карајанов.

Шкендија Арачиво ќе го пречека Новаци во обид да остане во трката за баражот. Главен судија на оваа средба е Стојанче Трпчевски, а покрај него ќе бидат Душко Панов и Давор Дишлиевски како помошници. Нинослав Нанков е четврти судија, Христијан Димоски делегат, а Бранко Величковски контролор.

Комесар за безбедност на ФФМ за овој меч е Атанас Ризов.



Во Гевгелија, каде Кожуф ќе игра против Тетекс, главен арбитар ќе биде Кирил Смоквоски. Помошници ќе му бидат Иле Мишески и Дино Конески, додека Виолета Јанчева е назначена за четврти судија. Делегат е Жанко Савов, а контролор Горан Манасиев.

На дуелот Победа – Вардар Неготино во Прилеп, правдата ќе ја дели Ангел Гелов. Негови асистенти ќе бидат Петар Арсовски и Шенол Шаботиќ, четврти судија е Борче Павловиќ, делегат Аки Шукрија, а контролор Злате Лозаноски.

Беласица на домашен терен ќе се соочи со Каменица Саса, а главен судија на овој меч ќе биде Блаже Петковски. Кирил Манчев и Петар Манчев се назначени за помошници, Јордан Јовановски ќе биде четврти судија, Сафет Мифтари делегат, а Коле Василев контролор.



Во Виница, каде Слога ќе ја пречека Преспа, за главен судија е одреден Здравко Костовски. Помошници ќе му бидат Петар Михаилов и Кирил Јованов, четврти судија е Дарко Стојанов, делегат Ненад Маркоски, а контролор Горан Ангелески.

Во Големо Коњари, каде Скопје ќе гостува кај истоимената екипа., главен судија ќе биде Александар Урошевиќ, а покрај него ќе бидат Хабиљ Љиворека и Метин Османи како помошници. Бардхиљ Ибраими ќе ја има улогата на четврти судија, Лазар Проданов е делегат, а Зоранчо Илиевски контролор.

Сите натпревари ќе започнат во 16:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!