КупФудбал

Организиран превоз од Струмица за Куп финалето: Тиверија Брера со силна поддршка против Каменица Саса

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија, каде во големото финале ќе се соочи со Каменица Саса.

Финалниот натпревар е закажан за 14 мај (четврток) со почеток од 15 часот на Стадион Ѓорче Петров, а од струмичkiот клуб упатија јасен повик до навивачите да бидат нивниот „12-ти играч“ на овој важен меч.

Под мотото „Сите во Скопје“, од Тиверија Брера информираат дека е обезбеден организиран превоз од Струмица за сите заинтересирани навивачи, со цел што поголема поддршка за екипата во битката за трофејот.

Од клубот апелираат навивачите навреме да се пријават и заедно да создадат вистинска фудбалска атмосфера, која ќе им даде дополнителен мотив на фудбалерките на теренот.

Очекувањата се за возбудлив натпревар и голема борба за Куп трофејот, а струмичката публика има можност да биде дел од овој значаен спортски момент и да покаже што значи вистинска поддршка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!