Останато

Наковски Волеј на чекор до титулата: Водство од 2-1 против Работнички во финалето

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј направија значаен чекор кон шампионската титула во Првата лига жени, откако славеа со 3:1 (25:16, 25:13, 23:25, 25:19) против ОК Работнички Скопје во третиот натпревар од финалната плејоф серија.

Со овој триумф, струмичкиот состав поведе со 2-1 во серијата „подобар во пет“ и се најде на чекор до освојување на титулата. Наковски Волеј доминираше во најголем дел од натпреварот, контролирајќи го темпото и резултатот.

Тимот имаше можност да дојде до максимална победа од 3:0, откако во третиот сет водеше со 23:20, но скопскиот состав направи серија од 0-5 и со пресврт го доби сетот со 23:25, обезбедувајќи продолжување на мечот.

Во четвртиот сет се водеше израмнета борба до 10:10, по што Наковски Волеј повторно ја презеде иницијативата и сигурно го приведе натпреварот кон победа. Клучна улога имаа Долдурова со 19 поени, Марковиќ со 15 и Ковачевиќ со 12, како и Милева со 11 поени.

Кај Работнички, најрасположени беа Стојанова со 12 и Милевска со 11 поени, но тоа не беше доволно за избегнување на поразот.

Следниот, четврти натпревар од финалната серија ќе се одигра во петок од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, каде Наковски Волеј ќе има шанса да ја завери титулата, додека Работнички ќе се обиде да избори мајсторка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик....

РакометРакометна репрезентација

Пионерите тргнуваат во регионалната битка – Матлиески избра 16 ракометари за турнирот во Подгорица!

Нов предизвик за најмладата машка ракометна селекција на Македонија- пионерската репрезентација денеска ги започна подготовките за премиерниот турнир од Регионалната лига, на кој...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!