Екипата на Форца Нова е шампион во Општинската фудбалска лига на Велес или Четврта лига по ранг на натпреварување, откако сезоната ја заврши на врвот со ефект од девет победи, едно реми и два порази и освоени 28 бодови.
Тешка сезона во која Форца Нова стигна до шампионскиот пехар со само бод повеќе од второпласираниот Младост 1976 кој заврши на второто место со 27 бодови.
Форца Нова го имаше најдобриот напад кој реализираше 39 погодоци, а прими најмалку погодоци само 15 со најдобра гол разлика од +24.
Во однос на самата табела на третото место сезоната ја заврши Врановци со 23 бодови, поранешниот второлигаш Локомотива од Градско заврши на четвртото место со 21 бод, по што следува голем пресек на табелата, каде Согле финишираше како петти со 11 бодови, Горски на шестото место со седум бодови, а на дното заврши Раштани Спорт со пет бодови.
Најстар стрелец во лигата беше Тони Тонев, фудбалерот на Горски со полни 58 погоди се впиша во листата на стрелци во ОФЛ Велес.
Најдобар стрелец во лигата беше Зоран Трајков кој постигна 13 погодоци во дресот на Форца Нова, а по девет гола имаат Оливер Велковски кој го носи дресот на Младост 1976 и Робин Шабаноски кој настапува за некогашниот второлигаш Локомотива од Градско.
Од следната сезона Форца Нова се стекнува со право да се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Југ.