Ракомет

Маркоски ново засилување за РК Прилеп: Пикерот потпиша двегодишен договор

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Ракометниот клуб Прилеп го промовираше своето ново засилување за следната сезона, откако во своите редови го донесе пикерот Петар Маркоски.

Станува збор за 28-годишен ракометар од Струга, кој во Прилеп пристигнува од екипата на РК Еурофарм Пелистер 2, носејќи со себе значајно искуство, физичка цврстина и борбеност на линијата од шест метри.

Маркоски стави потпис на договор со важност од две години, со што клубот јасно покажува дека сериозно смета на неговите квалитети во наредниот период. Од Прилеп очекуваат тој да донесе стабилност во одбраната, сигурна реализација во нападот, но и дополнителна енергија која ќе биде од големо значење за тимската игра.

Со овој трансфер, РК Прилеп продолжува со екипирање на ростерот, со јасна цел – што поконкурентен тим и успешни резултати во претстојните предизвици.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!