Останато

Кадетките на Наковски Волеј ја освоија шампионската титула

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарките на Наковски Волеј ја освоија шампионската титула во женска кадетска конкуренција, на финалниот турнир кој викендов се одржа во СЦ „Форца“ во Скопје. Во финалето, екипата предводена од Александар Митев со 3:1 (25:21, 25:22, 22:25, 25:18) го совлада составот на Пелистер Волеј.

Во борбата за бронзениот медал, кој во оваа возрасна категорија се игра во два добиени сета, Газели Волеј со 2:1 беше подобар од Младост УГД. Младост УГД го доби првиот сет со 25:18, но Газели израмни на 1:1 со 25:20 во вториот сет, додека во тај-брејкот домаќинот убедливо славеше со 15:5.

Претходно, во полуфиналето, Младост УГД загуби од Наковски Волеј по голема борба во тај-брејк 2:1 (25:13, 23:25, 15:13), додека во првото полуфинале Пелистер Волеј по три сета беше подобар од Газели Волеј.

ФИНАЛЕН ТУРНИР КАДЕТКИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Газели Волеј – Пелистер Волеј 1:2 (23:25, 25:5, 10:15)

Наковски Волеј – Младост УГД 2:1 (25:13, 23:25, 15:13)

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Газели Волеј – Младост УГД 2:1 (18:25, 25:20, 15:5)

ФИНАЛЕ

Пелистер Волеј – Наковски Волеј 1:3 (21:25, 22:25, 25:22, 18:25)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.НАКОВСКИ ВОЛЕЈ

2. ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ

3. ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ

4. МЛАДОСТ УГД

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!