Останато

Игор Стефановски – Иџе победник на трката во Котор од 134 натпреварувачи!

Сподели
ФОТО: Игор Стефановски - Иџе
Сподели

Македонскиот автомобилизам повторно има причина за гордост, откако најдобриот и најтрофеен возач Игор Стефановски – Иџе оствари голем успех на меѓународна сцена. Тој триумфираше на престижната ридска трка во Котор, која важи за една од најатрактивните и најконкурентни во регионот.

Во силна конкуренција од дури 134 возачи, Стефановски успеа да се искачи на највисокото место на подиумот, уште еднаш потврдувајќи ја својата врвна класа и искуство. Тој до победата стигна со вкупно време од 4:20,64, односно 2:10,86 во првата и 2:09,78 во втората трка. Со овој резултат, Иџе беше за 13 секунди побрз од второпласираниот натпреварувач.

Овој успех има дополнителна тежина, имајќи предвид дека трката во Котор носи бодови за повеќе шампионати – шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и за Котор куповите. Настанот беше организиран од Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора во соработка со АМСК Котор.

Со оваа победа, Игор Стефановски – Иџе уште еднаш го потврди својот статус како еден од најдоминантните автомобилисти во регионот и горд амбасадор на македонскиот спорт.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!