Ракомет

„Во пеналите нè послужи среќата, но победата е сосема заслужена“ – Ојлески по историскиот пласман на Охрид во финале!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид испиша историја со пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако по драматичен реванш и пенали го елиминираше Целје.

Капитенот на Охрид, крилото Гоце Ојлески, во изјава за Спортска Мрежа истакна дека клучно било тоа што тимот останал смирен до самиот крај, иако се соочил со силен противник. Тој потенцираше дека, и покрај тоа што среќата делумно била на страната на Охрид, триумфот е заслужен, а фокусот сега се префрла кон одмор, домашното првенство и подготовка за финалниот двомеч со Татабања.

„Најпрво честитки за момците, за тоа што останавме смирени до крај. Знаевме дека ќе биде тежок меч и дека Целје е навистина добар тим, добра екипа којашто игра добар ракомет. Мислам дека на крај можеби ете, среќата повеќе нè послужи нас, но сепак победата е сосема заслужена. Рано е да зборуваме за финалето, најпрво треба да се одмориме, ни следуваат натпревари во домашното првенство. Татабања е добар тим, финале е финале.. ќе пробаме добро да се одмориме и анализираме , да се подготвиме што подобро, па зошто и да не го освоиме Купот.“- изјави Ојлески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид сега го очекува финалниот двомеч против Татабања на крајот од мај, каде македонскиот тим ќе има можност да се бори за европскиот трофеј.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!