Ракомет

Познат распоредот за европското финале: Охрид по европска титула на крајот од мај

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид по историскиот пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп веќе го знаат и распоредот за најважните натпревари во сезоната.

Во битката за трофејот, „гладијаторите“ ќе се соочат со унгарската Татабања, тим во кој настапува и македонскиот репрезентативец Филип Талески.

Европската ракометна федерација ги одреди термините за финалниот двомеч – првиот натпревар ќе се одигра на 23 или 24 мај, додека реваншот е закажан за 30 или 31 мај, кога ќе биде познат и освојувачот на трофејот.

Сè уште не е познато каде ќе се одигра првиот меч, бидејќи тоа ќе биде одлучено со дополнителна ждрепка во Виена, која ќе утврди кој тим ќе има предност на домашен терен во првата средба.

Охрид има шанса да испише нова историја и да ја круниса фантастичната европска сезона со трофеј.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Кочани

Во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига екипата на Вардар како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Кочани....

Ракомет

„Сите го даваат срцето и последниот атом сила за Охрид“ – Ројевиќ пресреќен по историското европско финале!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, а тренерот Борис Ројевиќ по историскиот успех истакна големо задоволство од тимот и борбеноста...

Поврзани написи
Ракомет

„Имавме среќа со пеналите“ – Стрмљан по драмата со Целје!

Охрид избори историско финале во ЕХФ Европскиот куп, а значаен придонес во...

Ракомет

„Со нетрпение го чекаме финалето“ – херојски Охрид го елиминира Целје!

Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот куп, откако по драматичен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!