ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

Сподели
ФОТО: ФК Огражден
Сподели



В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига, а вниманието го привлекуваат дуелите меѓу Спартмани и Дрвош, како и гостувањето на Огражден кај Слога во Злеово.

Тимот на Спартмани од Балдовци ќе се обиде да ја прекине негативната серија од два пролетни порази, со кои го загуби лидерското место. На домашен терен против Дрвош, Спартмани ќе атакува на првиот пролетен триумф и враќање на победничките патеки.

Огражден, пак, иако во солидна форма, ќе има сериозен предизвик. Екипата од Ново Село гостува во Злеово кај Слога, која во пролетниот дел има учинок од реми и победа и ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен.

Во Пиперово, Единство ќе ја бара својата втора победа сезонава во десеттиот натпревар, против Илинден од Добрејци. Гостите, пак, ќе се обидат да стигнат до петтата сезонска победа и евентуален напредок на табелата.

Лидерот Интер Кукла го очекува гостување кај последнопласираниот Напредок во Радово. Тимот од Куклиш важи за апсолутен фаворит и доколку ја оправда таа улога, ќе го забележи седмиот триумф и ќе го задржи врвот на табелата.

Сите натпревари од ова коло ќе се одиграат в недела со почеток од 16:00 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!