Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со оглед на тоа што следната сезона ќе настапува во Втората лига. Сепак, овие дуели претставуваат важна лекција и драгоцено искуство за младите фудбалери.

Еден од нив е и Анес Бајрами, синот на поранешниот фудбалер и сегашен тренер Муарем Бајрами. И покрај тешката ситуација на табелата, младиот Бајрами покажува голем професионализам и висока мотивираност.

Од друга страна, нивниот следен противник, Македонија Ѓорче Петров, има јасен императив за победа, бидејќи „лавовите“ се борат за опстанок во Првата лига и им се неопходни бодови.

Ова ќе биде 33-ти меѓусебен дуел меѓу двата тима. Иако Македонија Ѓ.П. важи за фаворит поради домашниот терен, традицијата е на страната на Шкупи, кој има 11 победи. Македонија Ѓорче Петров славела на 8 натпревари, додека 14 дуели завршиле без победник, вклучувајќи го и четвртфиналето од Купот во 2021 година.

„Остануваат уште неколку кола до финишот на шампионатот. Веќе е извесно дека од следната година ќе бидеме дел од Втората лига, но тоа не ја менува нашата посветеност. Премногу сум задоволен од моите соиграчи и од тренерот за сите жртви што ги поднесовме досега. Се трудиме на секој натпревар да го дадеме максимумот и сакаме да ја искористиме секоја преостаната минута за да уживаме во фудбалот до самиот крај на сезоната“, изјави Бајрами.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!