Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Сподели
Сподели



Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија моќна порака во пресрет на големиот полуфинален реванш, во кој ГРК Охрид в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречека словенечкиот Целје.

„Гладијаторите“ во првиот натпревар беа поразени со минимални 27:26, но пред домашна публика и со поддршка од верните „рибари“, како и од целата охридска спортска јавност, ќе атакуваат на победа која води во големото финале.

Токму во оваа важна битка, силен ветер во грб добиваат и од учениците на охридската гимназија, кои преку свое соопштение ја изразија безрезервната поддршка:

„Од училниците до трибините: едно срце чука за ГРК Охрид!

Денес, учениците и професорите покажаа дека ГРК Охрид не игра сам. Зад секој гол, секоја победа и секоја борба стои една цела генерација, една младост и едно срце што чука за Охрид!

Од гимназиските клупи до трибините испраќаме силна порака:
дека победничкиот дух се учи, се живее и се брани заедно. Ова не е само поддршка за клубот, ова е поддршка за нашата гордост, нашиот Охрид, нашата Македонија и нашата иднина.

Кога младите веруваат во вас, тогаш знаете дека сте симбол на Охрид!

Напред ГРК Охрид, борбено, достоинствено и победнички за европско финале!“, велат од охридската гимназија.

Охрид веќе се подготвува за спектакл, а ваквата поддршка е уште еден доказ дека клубот не е само спортски колектив, туку симбол на градот и инспирација за младите генерации.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!