Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот со Целје, атмосферата во тимот е фокусирана и борбена, а сите погледи се насочени кон саботниот дуел во „Билјанини Извори“, каде поддршката од трибините ќе има огромна улога.

ФОТО: ГРК Охрид

Дефанзивецот од редовите на Охрид, Реј Моралес, очекува неизвесен натпревар сличен на првиот дуел, но нагласува дека тимот работел на корекција на грешките и верува дека со подобра адаптација на играта може да се дојде до посакуваниот резултат. Според него, полната сала ќе биде дополнителен мотив и фактор што може да ја направи разликата.

„Очекуваме тежок натпревар, можеби ќе биде сличен како последниот натпревар, кај нив. Имавме долг период во кој не се адаптиравме во нивниот систем, ама мислам дека ако научиме од грешките, ќе бидеме подобри. Салата ќе биде полна, што ќе ни помогне да бидеме подобри. Верувам дека имаме големи шанси“- изјави Моралес.

ФОТО: ГРК Охрид

Со јасна верба и поддршка од трибините, Охрид ќе се обиде да го направи потребниот исчекор кон финалето. Сите предуслови за ракометен спектакл се тука – останува тимот да ја претвори шансата во резултат. Натпреварот се игра во сабота (02.05), во салата ,, Билјанини Извори”, со почеток од 19:00 часот.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!