РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со Словачка, во битката за место на Светското првенство 2027.

ФОТО: РФМ

На листата се најдоа вкупно 35 имиња, а дел од повиканите настапуваат и надвор од домашниот шампионат. Меѓу интернационалците се издвојуваат голманот Мартин Томовски, како и бековите Филип Талески и Мартин Карапалевски, кои се дел од клубови во европските лиги.

Меѓу повиканите голмани се Мартин Томовски, Никола Митревски, Васил Гогов, Иван Галевски и Марко Кизиќ. На крилните позиции од левата страна се најдоа Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов, Гоце Ојлески и Марио Стојановски, додека десно конкурираат Ненад Костески, Ален Ќосевски, Александар Петковски и Никола Костески.

Во бековската линија, на левата страна, Лазаров ќе смета на Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Филип Талески, Емилијан Ѓоргоски и Дејан Кукуловски. Организацијата на играта е доверена на средните бекови Дамјан Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Карапалевски, Марко Митев и Мартин Ивановски. На десната бековска позиција се Давид Савревски, Филип Николов, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски и Димитар Узунчев.

На линијата од шест метри изборот падна на Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ, Самоил Ристевски, Жарко Пешевски и Валентин Карасманакис, додека во дефанзивниот дел се предвидени Михаил Аларов и Никола Маркоски.

ФОТО: РФМ

Двомечот меѓу Македонија и Словачка е закажан за месец мај. Првата пресметка ќе се одигра на гостински терен на 13 мај, додека одлучувачкиот реванш ќе се игра четири дена подоцна, на 17 мај, во Скопје.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!