ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за паметење и во моментов е меѓу најистакнатите фудбалери во лигата.

Дориев зад своето име има веќе 7 постигнати голови и 3 асистенции, со што се наоѓа на врвот на листата на стрелци, но и меѓу петте најдобри асистенти во шампионатот. Неговите настапи се од клучно значење за добрите резултати на Согдиана, а со секој натпревар ја потврдува својата важност во тимот.

Иако Согдиана нема најдобра позиција на табелата, тимот во моментов се наоѓа на 13-тото место во шампионатот, но сепак успева да ја избегне зоната за испаѓање од лигата. Токму придонесот на Дориев е еден од главните фактори што клубот останува конкурентен и се бори за сигурен опстанок.

Со ваква форма, Дориев не само што го привлекува вниманието во Узбекистан, туку испраќа силна порака и пред претстојните предизвици со македонската репрезентација. Доколку продолжи во ист ритам, нема сомнеж дека ќе биде еден од главните адути и во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот Перпарими Нигиштан на домашен терен, во воведен меч од 5. коло...

Трета лигаФудбал

Превалец ремизираше со Бучин, прилепска Победа со ОСУМ гола во Пепелиште, трите бода заминаа во Крушево

Прилепска Победа продолжува да нижи големи победи во Трета лига регион 4 откако со 0:8 славеше над Победа во Пепелиште во меч од...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со 12 гола го декласираше Перпарими Нигиштан, висок триумф и за Ржаничино

Екипата на БВК Коњаре со убедлива победа од 12:0 го декласираше дебитантот...

Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!