ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Сподели
Сподели

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој е закажан за 2027 година во Саудиска Арабија.

50 годишниот фудбалски стратег по заминувањето од селекторската функција на македонската фудбалска репрезентација, продолжи со тренерска кариера во странство, водејќи ги екипите на Горица, Каспиј и Етникос Ахна. Сега повторно се враќа на селекторска позиција, овојпат на азиската фудбалска сцена.

Тој својата тренерска кариера ја започна во ФК Работнички, каде остави силна трага и постигна значајни успеси. Со клубот ја освои шампионската титула и триумфираше во Купот на Македонија во сезоната 2013/2014, а истите успеси ги повтори и една година подоцна, потврдувајќи ја својата успешна работа и тренерски квалитети во македонскиот фудбал.

Тој ќе остане запаметен по најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, кога со националниот тим ја однесе Македонија на Европското првенство во 2021 година, историски настап кој го запиша неговото име меѓу најуспешните селектори во земјата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!