ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Сподели
Сподели

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија и по само една сезона се враќа во елитното друштво.

Поранешниот шампион на Македонија зад себе има извонредна сезона, во која целосно ја оправда амбицијата за брз камбек, откако минатата година испадна од најсилната конкуренција. Со константни настапи и стабилна игра, тимот успеа да ја оствари зацртаната цел и повторно да се врати таму каде што припаѓа.

Од клубот не го криеја задоволството од постигнатиот успех:

„Сезона исполнета со работа, конзистентност и тимска игра која на крајот донесе резултат. Да се вративме таму каде што впрочем и припаѓаме. Благодарност до сите што беа дел од ова – играчи, стручен штаб и поддршката во текот на целата сезона. Следува ново поглавје и предизвици на повисоко ниво“, истакнаа од Железарец.

За скопскиот тим сега следува нов предизвик – докажување во Првата футсал лига и обид за враќање на старите успеси.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!