Ракомет

Златен блесок за Македонија: кадетите светски шампиони во училишен ракомет!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Машката кадетска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Горан Кузманоски, стигна до голем успех и го освои златниот медал на Светското првенство во училишен ракомет, по победата во финалето против Израел со 38-32.

ФОТО: РФМ

Македонските ракометари од самиот старт ја контролираа играта и резултатот, не дозволувајќи противникот сериозно да се закани. Уште по првото полувреме ја најавија победата, кога заминаа на пауза со предност од 20-14.

Во вториот дел Израел кратко се врати резултатски и намали на само два гола разлика, но тоа беше максимумот што го дозволија нашите млади надежи. Во клучните моменти повторно ја подигнаа играта и рутински го приведоа натпреварот кон крај.

ФОТО: РФМ

Дополнителен предизвик во финишот беше и исклучувањето на кружниот напаѓач Вујичевски, кој доби црвен картон на осум минути до крајот, но и тоа не ја наруши стабилноста на македонскиот тим.

Покрај машкиот успех, и женската кадетска репрезентација имаше свој настап во финалето, каде по голема борба беше поразена од Хрватска со 28-26 и се закити со сребрен медал.

Со ова, Македонија уште еднаш покажа дека има силна ракометна иднина и генерации што доаѓаат со голем потенцијал.

ФОТО: РФМ
ФОТО: РФМ
ФОТО: РФМ

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Илинден со победа над Њу Старс, тежок пораз за Аеродром, три бода за Фортуна

Аеродром доживеа тежок пораз откако на домашен терен загуби од Кул Здравје со резултат од 0:6, во мечот од 5. коло на Трета...

Трета лигаФудбал

Реми на Борец и Росоман, Големо Коњари и Влазними Јуниор ги поделија бодовите

Мечот од 5. коло на Трета лига регион 4 во Велес меѓу Борец и Росоман заврши без победник и без голови, двете екипи...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!