Кошарка

Успешно беше реализиран кошаркарскиот караван за најмалите кошаркари и кошаркарки во Гевгелија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Викендов успешно беше реализиран кошаркарски хепенинг за најмладите кошаркари и кошаркарки кој се одржа во салата „26 Април“ во Гевгелија. Овој настан донесе посебна атмосфера и дружење за момчињата и девојчињата од М12 генерациите, кои настапија во двете конкуренции.

Кошаркарскиот караван оваа недела пристигна во СРЦ „26 Април“, каде на специјално прилагодени терени за најмладите категории продефилираа голем број идни кошаркари и кошаркарки од повеќе екипи од целата држава.

ФОТО: КФМ

Покрај можноста за дружење, младите имаа шанса и да ги покажат своите кошаркарски вештини, натпреварувајќи се со врсници од различни градови. Настанот беше реализиран во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.

ФОТО: КФМ

Од федерацијата упатија благодарност до градот Гевгелија за гостопримството, а кошаркарскиот караван продолжува кон следната дестинација – Тетово.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!