Останато

Младинките на Газели Волеј со пресврт го освоија шампионскиот пехар

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Екипата на Газели Волеј се закити со шампионската титула во женска младинска конкуренција, откако на завршниот турнир одигран во СЦ „Форца“ во Скопје во финалето славеше над градскиот ривал Фит Фан Волеј со 3:1 (22:25, 25:16, 25:10, 25:16).

„Газелите“ до титулата стигнаа по голем пресврт. Натпреварот го отворија во грч, што Фит Фан Волеј го искористи и го доби првиот сет со 25:22. Сепак, во продолжението Газели Волеј ги консолидира редовите, заигра многу посигурно и поконцентрирано, како во одбраната така и на мрежата, и со доминантна игра направи целосен пресврт за конечна победа и шампионски пехар.

На патот до финалето, Газели Волеј во полуфиналето со 2:0 (25:17, 25:17) го елиминираше бранителот на титулата Јанта Волеј КВ, додека Фит Фан Волеј беше поуспешен од Наковски Волеј со 2:0 (25:19, 25:22).

Во натпреварот за третото место, Јанта Волеј КВ го совлада Наковски Волеј со 2:0 (25:14, 25:15).

ФИНАЛЕН ТУРНИР МЛАДИНКИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Газели Волеј – Јанта Волеј КВ 2:0 (25:17, 25:17)

Фит Фан Волеј – Наковски Волеј 2:0 (25:19, 25:22)

Натпревар  за  3  МЕСТО

Јанта Волеј КВ – Наковски Волеј 2:0 (25:14, 25:15)

ФИНАЛЕ

Газели Волеј – Фит Фан Волеј 3:1 (22:25, 25:16, 25:10, 25:16)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.Газели Волеј

2. Фит Фан Волеј

3. Јанта Волеј КВ

4. Наковски Волеј

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

Останато

Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во...

Останато

Газели Волеј со две интернационални засилувања: Сохила Вафек и Николета Капици во составот за новата сезона

Газели Волеј го комплетира составот за сезоната 2026/27 со две интернационални засилувања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!