Трета лигаФудбал

Турново „падна“ во Валандово – Победа ги слави Бејков и Ашовалиев, „седумки“ во Карбинци и Пирава

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели



Победа Валандово е се поблиску да го стигне лидерот Овче Поле, откако денес го доби дербито на 18. коло во Трета лига – Исток славејќи со 2:0.

Огромна радост за „калинкарите“, славје и чекор поблиску до враќање на првото место.

Резултатот го отвори Христијан Бејков во 41. минута од мечот за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел сите дилеми ги реши Давид Ашовалиев во 83. минута за конечни 2:0 и сега тимот е на минус два бода од лидерот од Свети Николе.

„Седумка на лото“ за Ударник кој со 7:1 го декласираше Дојранско Езеро во Пирава преку двојните стрелци Мирче Попов и Марјан Костадинов, а по еден гол постигнаа Крсте Тодоров, Здравков Павлов и Лазе Грбашлиев. За гостинот од Дојран единствен стрелец беше Александар Миовски.

Лото победа имаше и за екипата на Карбинци откако со 7:2 славеше над Карбинци, благодарение на петте погодоци на Марио Атанасовски, а двапати погоди Тоше Стојанов. За гостинскиот тим Јани Јанков и Јордан Николов беа стрелци за струмичани.



Без победник заврши „Ел класикото“ во Делчево каде Брегалница и Малеш одиграа 1:1. Јован Дојчинов по само три минути игра го отвори резултатот, а во 73. минута Марјан Пачарски го постигна голот за делба на бодовите 1:1.

Мечот го следа голем број на публика, па слободно може да кажеме дека број на публика е поголем од цело коло во Прва лига.

Овче Поле е лидер со 37 бодови, втора е Победа од Валандово со 35 бодови, но со меч помалку, Хоризонт Турново е трет со 31 бод и веќе станува јасно дека меѓу тимовите од Валандово и Свети Николе ќе биде борбата за второлигашкиот бараж.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!