Ракомет

„Уште 60 минути нè делат од европско финале“ – Блажески верува во Охрид

Сподели
Сподели

Со минималната негатива од првиот полуфинален натпревар против Целје, ракометарите на ГРК Охрид ја задржаа реалната шанса за историски пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Иако мечот донесе големи осцилации во играта, охриѓани во клучните моменти покажаа зрелост и изборија резултат кој остава простор за голема битка на домашен терен.

Голманот на охриѓани, Бојан Блажески веднаш по мечот во изјава за Спортска Мрежа, оцени дека натпреварот бил исклучително тежок против квалитетен и млад противник, потенцирајќи дека тимот имал падови во играта, но сепак успеал да извлече позитивен исход во контекст на двомечот. Тој нагласи дека сè уште ништо не е решено и дека следните 60 минути во Охрид ќе бидат клучни за остварување на целта. Воедно, упати благодарност до навивачите за поддршката во Словенија и повика на масовна поддршка на реваншот.

„Денес имавме тежок натпревар против одлична екипа. Имавме доста осцилации во играта, но на крајот извлековме одличен резултат против една фантастична, млада екипа. Сè уште ништо не е решено и уште 60 минути нè делат од европско финале. Им благодариме на нашите навивачи за денешната поддршка во Целје и очекуваме полна сала и да славиме сите заедно во Билјанини Извори“. – изјави Блажески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Реваншот во „Билјанини Извори“ ќе биде вистинска кулминација на овој двомеч, во кој Охрид пред својата публика ќе се обиде да ја надополни минималната негатива и да испише нова страница во клупската историја.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арифовски ќе се обиде да ја врати АП Брера на победнички колосек на мечот со Пелистер

Завршница е на сезоната, а во Струмица има турбуленции. Замина досегашниот тренер Мартин Алаѓозовски, кој поднесе оставка по убедливиот пораз од Силекс во...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Вардар и Арената се инспирација за секого

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје  со почеток од 16:00 часот, Вардар ќе го пречека Тиквеш во дуел што е дел од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост ќе решава дали ќе продолжи со натпреварување!

Ракометниот клуб Младост од Богданци вчера одигра 27:27 во Кисела Вода против...

Ракомет

„Го оставивме срцето на терен, нè чекаат нови 60 минути“ – Ќосевски после мечот во Целје

Ракометарите на ГРК Охрид се враќаат од гостувањето кај Целје со минимална...

Ракомет

Голема борба во Целје: Охрид со активен резултат пред реваншот!

Ракометарите на ГРК Охрид претрпеа минимален пораз од 27-26 на гостувањето кај...

Ракомет

Интерес и од Струмица: РК Феникс како нова ракометна приказна ги отвора вратите за сите млади таленти

Новата ракометна приказна во Радовиш, РК Феникс, сè повеќе го привлекува вниманието...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!