Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар Неготино испадна во Трета лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



Денес и официјално испадна петтиот клуб од Втора во Трета лига со што ги имаме сите екипи кои директно се преселија во понизок ранг на натпреварување, сега останува само борбата за опстанок преку бараж.

На четири кола до крајот како што и анализиравме во претходниот период екипата на Вардар Неготино и официјално испадна во Третата македонска фудбалска лига – Југ.

На четири кола до крајот „винарите“ и математички не успеаја да се изборат за опстанок и испаѓаат директно во Трета лига – Југ.

Тимот по 26 кола е на 12. место на табелата со 19 бодови, додека пак Каменица Саса е на 11. место со 32 бодови или во бараж зоната, а бодовната разлика меѓу овие две екипи е 13 бодови, а во игра до крајот остануваат уште 12 бода, што значи дека Вардар Неготино од денес и официјално е нов третолигаш.

По три сезони во Втора лига, Неготино од следната сезона ќе гледа третолигашки фудбал. Првата сезона по враќањето во Втора лига, Вардар Неготино имаше фантастична сезона и висок пласман, минатата сезона на неколку кола до крајот беше изборен опстанокот, но оваа сезона со низа турболенции беше тешко да се избори опстанокот, а враќањето на Горан Тодорчев на местото тренер на тимот беше доцна за да може да ги донесе потребните резултати.



Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 26 19 4 3 60 16 +44 61
2 ➖ ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 26 18 5 3 66 15 +51 59
3 ➖ ФК СКОПЈЕ АД 26 19 2 5 59 18 +41 59
4 ➖ ЗФК Шкендија Арачиново 77 26 18 5 3 49 13 +36 59
5 ➖ ФК БЕЛАСИЦА АД 26 16 4 6 53 18 +35 52
6 ➖ ГФК ОСОГОВО 26 15 5 6 46 20 +26 50
7 ➖ ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 26 13 6 7 48 21 +27 45
8 ➖ ЗФК НОВАЦИ 2005 26 13 5 8 40 23 +17 44
9 ➖ ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 26 9 9 8 35 22 +13 36
10 ➖ ФК ТЕТЕКС 1953 26 10 3 13 42 40 +2 33
11 ➖ ФК КАМЕНИЦА САСА 26 8 8 10 44 48 -4 32
12 ➖ ГФК ВАРДАР Неготино 26 5 4 17 30 75 -45 19
13 ➖ ФК ПРЕСПА 26 4 0 22 26 67 -41 12
14 ➖ ФК СЛОГА 1934 26 3 3 20 27 72 -45 12
15 ➖ ФК ПОБЕДА АД 26 3 2 21 16 94 -78 11
16 ➖ ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 26 2 1 23 14 93 -79 7



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!