Кошарка

Баскет Кам сигурно тргна кон финале – шампионките поведоа против Бадел 1862

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Актуелниот шампион Баскет Кам со убедлива победа од 61:45 над Бадел 1862 го отвори полуфиналето од плеј-офот и поведе со 1-0 во серијата.

Иако почетокот на натпреварот беше израмнет и гостинките имаа минимална предност по првата четвртина (14:12), кошаркарките од Македонска Каменица ја презедоа контролата во вториот период. Со цврста одбрана и подобра реализација, дозволија само осум поени на противникот и на пауза заминаа со солидни 30:22.

Бадел 1862 се врати во игра во третиот дел и успеа да ја намали негативата, па пред последната четвртина резултатот беше неизвесен (38:35). Сепак, кога беше најпотребно, Баскет Кам покажа шампионски карактер. Со серија од 8-0 направи клучна разлика и ја одведе победата во мирни води (56:41), што беше недостижно за противникот.

И покрај отсуството на Кметовска и Хафдалуи, домашниот состав одигра на високо ниво, предводен од извонредната Цветанка Димова која запиша 26 поени и 17 скока. Силен придонес даде и Максимовска со дабл-дабл учинок од 16 поени и 11 скока, додека Дојчинова додаде 10 поени.

Кај Бадел 1862, кој настапи без репрезентативката Марија Николов, по осум поени реализираа Фримен, Петрушевска и Чолакоска, а Клири додаде седум.

Следниот натпревар ќе се игра на теренот на Бадел 1862, каде гостинките ќе се обидат да израмнат во серијата и да останат во игра за финалето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го доби Алкалоид, дербито против Пелистер ќе биде за шампионската титула!

Вардар 1961 е на само еден бод од нова шампионска круна во македонската Суперлига, откако во 6. коло од плеј-офот пред својата публика...

Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на М12 каравани. односно проектот посветен на најмладите кошаркар(к)и, чија цел е...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на...

Кошарка

Струмица прв финалист, Бутел и Соколи ќе решаваат во мајсторка

Екипата на Струмица 2001 е првиот финалист во доигрувањето за пласман во...

Кошарка

Убедливи победи и важни бодови во Плеј-аутот: Куманово сигурен, Феникс во игра, Работнички чекор поблиску до опстанок

Натпреварите од „МТЕЛ“ Супер лигата во Плеј-аут фазата донесоа нови резултати и...

Кошарка

Крива Паланка го сруши Вардар во Скопје и избори „мајсторка“

Кошаркарките на Крива Паланка израмнија на 1-1 во полуфиналната серија против Вардар,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!