КупФудбал

Охрид на „Билјанини Извори“ против Силекс ќе пишува нова Куп историја

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели



В среда фудбалерите на Охрид го играат историското полуфинале во Купот на Македонија против Силекс на стадионот „Билјанини Извори“.

„Рибарите“ кои во четвртфиналето преку пенал рулетот го исфрлија ланскиот освојувач на Купот, Вардар, сега одат по нова историја, влез во големото финале.

Добра вест е што Охрид успеа да ги исполни сите услови и полуфиналниот натпревар да го игра на домашен терен односно на стадионот „Билјанини Извори“.

Клубот повикува дека време е за историја и за силна поддршка од трибините за првиот меч од полуфиналето против Силекс.

„Во среда со почеток од 12:00 часот на стадионот Билјанини Извори во Охрид ќе се одигра полуфиналето од македонскиот куп против екипата на Силекс. Ја повикуваме охридската публика во што поголем број да ја поддржи екипата во историското полуфинале“, се вели во соопштението на ГФК Охрид.

Влезот за полуфиналето е 200 денари. Вториот полуфинален меч е закажан за 6 мај и ќе се игра во Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!