Останато

Македонски дуел во Унгарија: Љафтов во финале, Милев ќе се бори за бронза

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските одбојкари Александар Љафтов и Владо Милев се дел од завршницата на унгарската Екстралига, каде се играат полуфиналните и финалните натпревари од плејофот.

Љафтов со својот тим Елоре обезбеди пласман во финалето, откако со максимални три победи (3:1, 3:0 и 3:1) ја добија серијата против Престиж. Македонскиот репрезентативец беше стабилен во сите натпревари и постигна 7, 10 и 13 поени по меч.

Во големото финале, кое започнува на 29 април, Елоре ќе се соочи со Капошвар, кој во три натпревари го елиминираше тимот на Владо Милев, Казинбарчика. Милев доби поголема шанса само на последниот дуел, каде запиша шест поени. Казинбарчика ќе се бори за третото место против Престиж, во серија која стартува на 23 април.

Поради распоредот на завршницата во Унгарија, постои голема веројатност дека Љафтов, а можеби и Милев, ќе ја пропуштат првата репрезентативна прозивка во Крушево на почетокот на мај.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!