Кошаркарскиот клуб Гевгелија од следната сезона ќе настапува во Прва лига, откако во одлучувачкиот трет натпревар од финалната плеј-оф серија ја совлада екипата на Шар Планина со 67-56 и со вкупни 2-1 обезбеди место во Првата македонска лига.
Во салата „26 Април“ се одигра квалитетен и борбен натпревар, во кој гостите од Гостивар подобро го отворија дуелот и го добија првиот период со 18-15. Сепак, клучниот пресврт се случи во втората четвртина, кога домашниот тим целосно го презеде ритамот на играта. Со одлична одбрана и ефикасен напад, гевгеличани направија серија за комплетен пресврт и на паузата заминаа со убедлива предност од 38-27.
Во второто полувреме Гевгелија не дозволи изненадувања. Контролираше на теренот, особено во дефанзивата, и постепено ја зголемуваше разликата. По три четвртини резултатот изнесуваше 51-36, што практично ги реши дилемите околу победникот.
Најефикасен во победничкиот состав беше Колев со 15 поени, додека Божинов и Старделов постигнаа по 12. Значаен придонес дадоа и Костадинов со 10, како и Лазаревски со осум поени. Кај Шар Планина се истакна Балоски со 23 поени, додека Лаковски додаде 17, а Србиновски 11.
Со оваа победа, Гевгелија го круниса успешниот настап во сезоната и заслужено се избори за прволигашки статус. По натпреварот, пехарот за најдобар тим во Аматерската лига за сезоната 2025/2026 го врачи спортскиот ветеран Томе Хаџи-Митров, во присуство на претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев.
Екипата на Бутел направи голем чекор кон елитата, откако со победа од 83:86 на гостувањето кај Соколи 1933 во салата „Јордан Мијалков“ во...
Тиверија Брера ја однесе најубедливата победа во 22. коло на Првата женска фудбалска лига, совладувајќи го Топ Гол во Битола со 1:9. Теона...
Екипата на Бутел направи голем чекор кон елитата, откако со победа од...
Екипата на Пелистер запиша убедлива победа во дерби натпреварот од третото коло...
Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на...
Екипата на Струмица 2001 е првиот финалист во доигрувањето за пласман во...