Кошарка

Струмица сигурна дома, Бутел со „брејк“ во Штип – водство во полуфиналните серии

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели



Екипите на Струмица 2001 и Бутел направија успешен старт на полуфиналните серии од плеј-офот во Првата македонска лига, поведувајќи со 1-0 во дуелите кои водат кон финалето.

Струмичани ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен и со убедлива игра го совладаа Борец баскет со 77:65. Домаќините уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра, а по воведното водство од 20:17, до паузата направија двоцифрена предност (38:27). Во продолжението рутински ја одржуваа контролата, додека гостите од Велес не најдоа решение, особено поради проблемите со лични грешки. Најефикасен кај Струмица 2001 беше Д. Пандев со 24 поени, додека Ф. Пандев додаде 12. Кај Борец се истакна Џејмс со 16 поени.

Во второто полуфинале, Бутел направи голем чекор кон финалето со триумф на гостувањето кај Соколи 1933 (76:69). Клучен беше одличниот старт на гостите, кои во првата четвртина создадоа висока предност од 28:11. Иако домаќините се враќаа во игра и во неколку наврати се доближија на само еден посед негатива, Бутел остана смирен во завршницата. Марјан Јанески беше лидер со 25 поени, додека Киров и Мартиноски дадоа значаен придонес во победата. Кај Соколи 1933, Караколев и Хамилтон постигнаа по 17 поени.

Со овие резултати, Струмица 2001 и Бутел направија важен чекор напред, а во вторите натпревари ќе се обидат да ја потврдат предноста и да се доближат до финалето.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Кукуловски: „Со дисциплина во напад и одбрана – до нова победа!“

По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон нов натпревар во плеј-офот, овојпат против тимот на Бутел. Густиот распоред...

Трета лигаФудбал

ФК Венец за мечот со Превалец: „Ова не е победа, туку горчлив доказ дека вредностите се нарушени“

Само 12 минути се играше натпреварот во Долни Дисан меѓу Венец и Превалец, кој при резултат од 2:0 беше прекинат откако гостинската екипа...

Поврзани написи
Кошарка

Бутел со херојски „брејк“ во Штип обезбеди финале за влез во Супер лигата

Екипата на Бутел направи голем чекор кон елитата, откако со победа од...

Кошарка

Пелистер убедливо против лидерот ТФТ – отворена е трката за првото место

Екипата на Пелистер запиша убедлива победа во дерби натпреварот од третото коло...

Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на...

Кошарка

Струмица прв финалист, Бутел и Соколи ќе решаваат во мајсторка

Екипата на Струмица 2001 е првиот финалист во доигрувањето за пласман во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!