Ракомет

Малус МВП и најдобар стрелец на завршниот турнир во Купот, Пилиповиќ најдобар голман

Сподели
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 го заокружија настапот во Купот на Македонија со нов трофеј, откако во финалето го совладаа Охрид со 24-23. По завршувањето на возбудливиот дуел, вниманието беше насочено и кон индивидуалните признанија, кои ги одбележаа најдобрите поединци на турнирот.

Во центарот на вниманието беше словенечкиот бек Јака Малус, кој со одличните партии заслужено ги понесе двете најпрестижни награди – за најкорисен играч (МВП) и за најдобар стрелец. Малус на патот до трофејот постигна вкупно 17 голови на дуелите против Алкалоид и Охрид, со што беше клучен фактор во успехот на „црвено-црните“.

На спротивната страна, признанието за најдобар голман заврши кај Кристијан Пилиповиќ од Охрид, кој со серија одбрани, особено во финалниот натпревар, беше еден од најзаслужните што неговиот тим до последен момент беше во игра за трофејот.

Иако пехарот замина во витрините на Вардар, индивидуалните награди потврдија дека финалето донесе врвни изданија и на двете страни.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Моќно издание на „гладијаторите“ на Ројевиќ: Охрид го декласираше Спор Тото за следна фаза во Европскиот куп

Охрид со ново моќно издание против турскиот Спор Тото откако славеше со 22:38 на реваншот и со тоа патува во третото коло од...

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива Паланка, но воведниот меч не понуди ниту победник, ниту голови. Академија...

Поврзани написи
Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа,...

Ракомет

Пионерите на Младост 1977 од Богданци доминираат во лигата: Пет натпревари, пет победи!

Пионерскиот тим на РК Младост 1977 од Богданци игра одлично во Пионерската...

Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!