ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со СЕЕ Университи за експресно враќање во Првата футсал лига

Сподели
ФОТО: КМФ Железарец
Сподели



Некогашниот шампион на Македонија, екипата на Железарец славеше во дербито на колото против директниот конкурент СЕЕ Университи со 3:1 и го трасираше патот кон шампионската титула во Втората футсал лига, а со тоа и експресно враќање во елитата.

Резултатот на мечот од 19. коло го отвори Петре Далиоски во 17. минута за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Мартин Калчев во 32. минута беше прецизен за двојна предност на домаќинот, а по две минути Едис Муртезани погоди за 2:1 и ја врати неизвесноста за трите бодови во самиот финиш.

Сепак, сите дилеми ги реши Реџеп Бислим во завршните мигови за конечни 3:1.

Железарец е на врвот со 46 бодови, а скопскиот тим има седум бодови повеќе од СЕЕ Университи кој е втор, а пак Каршиака е на третата позиција со 37 бодови. Но, треба да се истакна дека Железарец има меч повеќе во однос на конкурентите.

Само првите две позиции водат кон директен влез во Прва лига.

Натпреварот во Кочани меѓу Фудбал Старс и ССК не се одигра, откако гостинскиот тим не допатува по чекање од 30 минути, откако пријавиле дефект на превозното средство.

Ниту мечот во Кратово не се одигра, таму требаше да играат тимот на Кратово и Конзули, но гостинот од Битола не пристигна по чекање од 30 минути.

Вечерва се игра мечот меѓу Карадаку и Овче Поле.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!