Кошарка

Денес се решава патникот во Првата лига: Гевгелија и Шар Планина во „мајсторка“ за Прва лига

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарската сезона во Аматерската лига влегува во својата кулминација, а денес во Гевгелија ќе падне одлуката кој ќе обезбеди пласман во Првата лига. Домашниот состав и Шар Планина ќе ги одмерат силите во решавачкиот трет натпревар од финалната серија.

Гевгеличани веќе покажаа квалитет во првиот дуел, кога убедливо славеа со 91-56 и најавија дека се сериозен кандидат за елитата. Сепак, возвратниот натпревар донесе сосема поинаква слика – тимот од Гостивар одигра далеку поконцентрирано пред својата публика и со победата од 68-56 ја израмни серијата на 1-1.

Така, шампионот ќе се решава во „мајсторка“, натпревар кој носи огромен влог – пласман во најсилното домашно натпреварување. За Гевгелија ова би бил двоен успех, откако и женскиот тим веќе обезбеди промоција во Првата лига.

Одлучувачкиот меч се игра денес од 16:00 часот во спортската сала „26 април“, каде се очекува голема поддршка од домашната публика и вистинска кошаркарска атмосфера.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шок во Тетово: Башкими ја урна Шкендија, Вардар блиску до титула

Екипата на Шкендија доживеа неочекуван пораз на домашен терен, откако загуби со 2-3 од Башкими во рамки на 29. коло од Првата македонска...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2029, информира дека од денеска...

Поврзани написи
Кошарка

Успешно беше реализиран кошаркарскиот караван за најмалите кошаркари и кошаркарки во Гевгелија

Викендов успешно беше реализиран кошаркарски хепенинг за најмладите кошаркари и кошаркарки кој...

Кошарка

Бутел со херојски „брејк“ во Штип обезбеди финале за влез во Супер лигата

Екипата на Бутел направи голем чекор кон елитата, откако со победа од...

Кошарка

Пелистер убедливо против лидерот ТФТ – отворена е трката за првото место

Екипата на Пелистер запиша убедлива победа во дерби натпреварот од третото коло...

Кошарка

Гевгелија е местото за ново дружење на младите кошаркарски таленти од цела Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија во викендот кој следува ја продолжува сезоната на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!